Се предвидува да ја поддржи борбата против сите форми на говор на омраза, особено во медиумите и на интернет, да укаже на потребата за зголемување на вниманието на јавните службеници и државните претставници за воздржување од говор на омраза и нетолеранција и промовирање толеранција и почит кон човековите права на ЛГБТ, лицата кои користат дрога, сексуалните работници и лицата што живеат со ХИВ, изјави Ивон Величковски, претседател на ЛП.
„Во Собранието поднесов Предлог-Декларацијата за осуда на говорот на омраза. Таа е изработена во соработка со невладиниот сектор и активистите за човекови права, а со неа се предвидува Собранието да го осуди говорот на омраза и нетолеранција во рамките на политичката дебата и неговата манифестација преку медиумите“. Ова денеска го изјави пратеникот Ивон Величковски.
-Се предвидува да ја поддржи борбата против сите форми на говор на омраза, особено во медиумите и на интернет, да укаже на потребата за зголемување на вниманието на јавните службеници и државните претставници за воздржување од говор на омраза и нетолеранција и промовирање толеранција и почит кон човековите права на ЛГБТ, лицата кои користат дрога, сексуалните работници и лицата што живеат со ХИВ – изјави Ивон Величковски, претседател на Либералната партија.
Тој истакна дека со Предлог-Декларацијата се предвидува и да се укаже на потребата од негување на културата на толеранција во образовните, културните и воспитните установи во надлежност на државата или единиците на локалната самоуправа. Величковски истакна дека денеска ги повикал координаторите на сите пратенички групи да учествуваат во градењето консензус за донесувањето на Декларацијата.
Погледнете ја Предлог-Декларацијата за осуда на говорот на омраза испратена до претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.