Makedonija

prideweek skopje 2014

Од 20 до 29 јуни по втор пат во Скопје ќе се оддржи Неделата на гордоста (Skopje Pride Week 2014). Истата вклучува серија на настани како изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии.

Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ, информираат од Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата.

Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, „We were here“ и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија. Целта на Неделата на гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување.

Целосната програмата со саатници на настаните можете да ја погледнете овде.

« Проектот квир магазин е овозможен со финансиска поддршка од PlanetRomeo Foundation »

 

Preneseno sa Ženske Alijanse