Во Центарот за граѓански и човекови права велат дека досега немаат евидентирано конкретен случај на дискриминација на хомосексуалците. Ќе се бара став од Уставниот суд
Воено лице, припадник на АРМ може да биде повикано на дисциплинска одговорност со можност да го загуби работното место само затоа што е хомосексуалец.
Оваа одредба е содржана во член 121, точка 16 од Законот за служба во АРМ, и со неа, според Центарот за граѓански и човекови права, се врши дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Центарот смета дека наведениот член е спротивен на веќе востановената декриминализација на хомосексуалноста, која е извршена во 1996 година со бришењето на член 101 од тогашниот Кривичен закон и со прогласувањето на новиот закон, оваа инкриминација е укината. Но, при донесувањето на Законот за служба во АРМ во 2000 година, оваа одредба е внесена во член 121. Од тие причини, на 20 мај годинава Центарот упатил барање до Уставниот суд да поведе постапка за утврдување на уставноста на член 121 од Законот за служба во Армијата.
Во барањето до Уставниот суд, Центарот наведува дека одредбата во Законот е спротивна на Уставот, на Кривичниот закон, како и спротивен на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, која е ратификувана од македонското Собрание.
Во Центарот за граѓански и човекови права велат дека досега немаат евидентирано конкретен случај на дискриминација на хомосексуалците во Армијата, ниту, пак, некој се обратил кај нив за правна помош во врска со овој член. Ни во Армијата досега не е регистриран случај на дискриминација поради сексуална ориентација. Според портпаролот на Генералштабот на АРМ, мајор Зоран Секуловски, досега не е поведена постапка за утврдување на одговорност на воено лице врз основа на член 121 од Законот за служба во АРМ. Со член 121 се регулира дисциплинската одговорност за повреда на воената дисциплина од страна на воените лица, а во точка 16 од него, како повреди се наведени сексуалната злоупотреба и хомосексуализмот. Секуловски вели дека тој член од Законот е донесен од Владата и од Собранието и во Армијата имаат обврска да го почитуваат. ?Како институција го поддржуваме тој член. Тоа е пропишано со закон и го почитуваме", вели Секуловски.
Уставниот суд до крајот на месецов веројатно ќе решава во однос на барањето на Центарот за граѓански и човекови права, а покрај уставноста на одредбата, спорна е и нејзината компатибилност со Директивата за еднаквост при вработувањето на Европската унија, која Македонија како аспирант за полноправно членство е обврзана да ја имплементира во своето законодавство, како дел од процесот на усогласување на нашето со европското законодавство.